Македонија
9. September 2021 - 17:34

Обдукција на починатите - загинале татко и син, мајка и ќерка, 31 годишен пациент кој денеска требало да замине дома

Тажни слики пред Институтот за судска медицина. Роднини на починатите во пожарот во тетовската модуларна болница доаѓаа да ги идентификуваат телата на нивните блиски. Помеѓу настраданите има членови на исти семејства, мајка и ќерка, татко и син... Роднините беа повикани на судска за да им земат примероци за ДНК анализа за препознавање. Чичкото на еден од починатите вели дека неговиот внук кој имал 31 година требало денес да биде пуштен од болницата, три недели се борел со Ковид.

Од Институтот за судска медицина велат дека обдукцијата врз телата на 14-мината починати ќе заврши до крајот на денот, по што ќе следува идентификација.

Според соопштението од Министерството за здравство во моментот на пожарот во модуларната болница имало 26 пациенти, 14 загинале, а останатите 12 се префрлени на лекување во тетовската болница. Во пожарот нема настрадани здравствени работници, а неколкумина се зддобиле со полесни повреди.