Антикорупциска ги одби приговорите за кршење на правилата во предизборната кампања
Владејачката СДСМ смета дека доскорешниот нивни член, а сега независен кандидат за градоначалник на Куманово, користи повеќе билборди од дозволеното. Според партијата, тоа било прекршување на изборните правила, па поради сомнеж за корупциско однесување, случајот го пријавила во антикорупциската комисија. Се пожалиле дека наместо предвидените три, Максим Димитриевски, имал девет билборди во Куманово. Според антикорупционерите кои на јавна седница го разгледуваа приговорот на СДСМ, Димитриевски добил повеќе билборди, бидејќи останатите учесници во кампањата се откажале од дел загарантирани рекламни паноа. Приговорот на владејчаката партија го отфрли антикорупциска, велат проблемот е во изборниот законик кој не предвидел како ќе се делат неискористените билборди.
По приговор на Левица, под лупа на антикорупционерите се најде и независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Таа според партијата, недозволено користела медиумско рекламирање финансирано од ВМРО-ДПМНЕ. Како независен кандидат, според Левица, и следувале 30 секунди во еден час, а не минутажата на опозициската партија. Проверките на Антикорпционерите покажале дека не се прекршени правилата за медиумско претставување на Арсовска, па го одбија приговорот на Левица. Изборниот законик не забранувал отстапување на времето за рекламирање, велат од антикорупциска.
Според антикориупционерите, постоеле низа недостастоци во изборниот законик, а доказ за тоа биле приговорите кои денеска ги разгледувале.. Најавија негова детална проверка за како што велат, елиминирање на ризиците за корупција.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
