Македонија
1. November 2021 - 16:44

Собранието ја чека оставката на Заев, СДСМ на внатрепартиски избори ќе бира нов претседател

Оставката на Заев не е пристигната во Собранието. Таква информација утринава добиле координаторите на пратеничките групи на средба со Џафери. По состанокот, единствено од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со својат изјава. Велат оставката на Заев не била тема на координацијата, бидејќи се уште не била доставена до собраниските служби. Од партијата велат ако не успеат да формираат ново парламентарно мнозинство, најдобро било да се оди на предвремени избори.

Според уставот, оставката на премиерот значи оставка и на владата. За состав на нов владин тим, мандатот го доделува претседателот на државата. Од кабинетот на Пендаровски велат ќе се почитувал уставниот рок, но тој се уште не бил информиран од собранискиот спикер дека претседателот на владата си поднел оставка.

„Кога ќе биде информиран за евентуално поднеснеа оставка, претседателот, во рамките на устаавниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за состав на Влада на партиајта или партиите кои што имаат мнозинство во Собранието“

Експертите по уставно право сметаат дека неизбежни се нови избори. Велат формирањето на ново мнозинство од постојниот собраниски состав, може да работи само до распишување на предвремени парламентарни избори.

Освен на премиерската, Заев поднесе оставка и на лидерската позиција во СДСМ. За избор на нов претседател на партиајта, извршниот одбор треба да распише внатрепартиски избори во рок од 15 дена. Од партијата денеска нема информации дали партиските тела ја одбиле неговата писмената оставка.