Македонија
12. November 2021 - 16:51

Кастриот Реџепи се јави во полициска станица, не бил киднапиран, тврди дека бил кај пријател

Кастриот Реџепи не е киднапиран. Доцна попладнево сам се пријавил во полициската станица Бит Пазар и демантирал дека е исчезнат. Бил кај пријател за да избегне публицитет за седницата на која требало да се гласа недоверба на владата.

К.Р своеволно дојде во полициската станица и даде изјава дека пријавата е невистина, односно, никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзазн со собраниската седница, велат од МВР.

24 часа Реџепи не беше достапен за колегите пратеници.

За време на вчерашното отсуство од собранието, Реџепи со јавноста комуницираше преку социјалните мрежи.. Првин објави статус а потоа и снимена видео изјава. Само неколку часа пред да се пријави денеска во полиција, Реџепи напиша уште еден статус.. Најави прес конференција за идната недела, а на раководството на Беса му порача да не презема избразни чекори кои како што вели, би им наштетиле на партиските структури.

„Во наредните денови ќе имате можност да дознаете подиректно за се. Информирам дека моето прво појавување ќе биде во понеделник преку прес конференција“, пишува Реџепи.