Македонија
1. December 2021 - 16:46

Мицкоски: Алтернатива прави грешка

Погрешно би било Алтернатива да стане дел од владата, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вели, земјата се соочувала со катастрофални сосотојби во енергетиката, справувањето со ковид-пандемијата, а корупцијата земала се поголем замав, па како што вели, грешно е партијата на Гаши да се приклучи во Влада со низа слабости.

Според Мицкоски, манипулации биле најавите за влошување на безбедносната состојба во државата ако Бугарија повторно стави вето за почеток на ЕУ преговорите. Таквите изјави доаѓале од политичари кои не гледаат во идинината..

Мицкоски денеска беше на средба со битолските стопанственици и градоначалникот, а најави и проект за борба против криминалот и корупцијата.