Одложена контроверзната посета на косовскиот функционер - македонските власти тврдат дека нема да се дозволи средба со осудените за „Диво Насеље“
Заменик министерот за правда на Косово кој најави дека денеска ќе дојде во Македонија да се види со осудените во „Диво насеље“, ја откажа посетата на земјава. Неговиот македонски колега, Агим Нухиу, во изјава за Сител, вели дека, наместо денеска, Салаху, посетата ќе ја реализира идната недела, но нема да се среќава со осудените, туку само со управата на затворот.
Од Управата за извршување санкции негираат дека била предвидена средба со затворениците. Директорот вели дека ниту некој побарал ниту пак управата дозволила средба со осудените за „Диво насеље“.
„Без доставено барање и издадено одобрение од Управата за изршување санкции, посетата на било кој затвореник, во било кој затвор, едноставно е невозможно да се реализира, дополнително, па за овој формат осуденици за тероризам“, вели за Сител, директорот Марјан Спасовски.
Сепак, несудениот гостин од Косово, во телевизиско интервју излезе со тврдење дека ќе има посета на затворениците од Диво насеље, а за тоа добил дозвола од македонското министерство за правда.
Најавата за посета, следеше по само неколку денови откако Заев и Гаши договорија странска анализа за неколку судски предмети во кои се осудени Албанци, а двајцата лидери изјавија дека пресудите ги следел сомнеж за политичко влијание.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
