Институтот за старословенска култура од Прилеп обвинува дека не можат да ги продолжат археолошките истражувања
Од Институтот за старословенска култура од Прилеп обвинуваат дека не можат да ги продолжат археолошките истражувања на локалитетите Баба и античката населба Колобаиса кај Трескавец бидејќи Заводот и Музеј Прилеп, од непознати причини, без никакво објаснување, не сакал да потпише договор за соработка со Институтот кој досега, со години истражуваше на овие места. Тој договор е и услов за апликацијата на овие проекти до Министертсвото за култура.
„Заводот и Музеј Прилеп нема никакви специјалисти во областа средновековна археологија и дицно античка археологија. Да ги има, па ајде ќе речеме дека ние им го завафаќаме просторот за работа. Ние на некој начин нивните дејности ги завршуваме, а не спречуваат и она што го реализираме во нивно име, а ние имаме свој научно истрачувачки интерес во тоа“, истакна д-р Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура Прилеп.
Со стопирањето на овие проеки, се онезвозможуваат понатамошни истражувања на локалитетите и нивна заштита и конзервација.
„Нашата научна истражувачка работа е апсолутно конзистентна со она што треба да го прави Заводот и Музеј Прилеп. Тие во случајов не блокираат во нашата научно-истражувачка работа, а автоматски со тоа се блокираат и самите себеси“, додаде д-р Христијан Талевски, научен соработник во ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.
Од Заводот и Музеј Прилеп велат дека годинава не се потпишал потребниот договор затоа што Институтот задоцнил со поднесување на потребните документи.
Така што остана нашата институција да поднесе пријави за тие два локалитети. Сметајќи дека ние исто така имаме стручен кадар, археолози, кои би одговориле на таа проблематика и би ја извршиле успешно работата“, изјави Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.
Од Институтот пак ги негираат овие тврдења и велат дека сите рокови биле комплетно запазени.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар