Снегот ги изненади службите и во декември предизвика проблеми на патиштата
Снегот ги затрупа патиштата во југо - западниот дел на државата. На речиси сите планински превои, сообраќајот се одвива отежнато. Остатоците од кашест снег ја намалуваат брзината на движење – некои возила пак останаа заглавени во снегот.
Возачите кои минуваа преку патниот премин Стража, објаснуваат дека патот е прооден, но велат дека е потребно внимателно управување. Зимските служби работеле на расчистување, но обилните врнежи за кратко време го покривале асфалтот со снег.
Најголем проблем, снегот создаде за тешките товарни возила. Речиси цел ден за нив непроодни останаа планинските превои Ѓавато, Пресека, патот Маврово – Жировница и тетово – Попова шапка. До 16 часот, непрооден за нив беше и превојот Стража.. Полицијата ги застануваше веднаш после семафорот во Гостивар.
Службите од Македонија пат и вечерва ќе имаат работа поради новите внежи од снег.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
