Македонија
23. December 2021 - 16:40

Судскиот совет до Владата - да не се врши притисок врз судиите

Судскиот совет го осуди постапувањето на министерот за правда кој вчера ги прозва апелационите судии кои одлучиле да го укинат притворот за Мијалков. Според судски, со зкаон било забрането влијание врз работата на судии од било кој во државата.

„Судскиот совет укажува дека судската власт е независна и самостојна, а Советот е орган кој постапува исклуичиво според закон и не делува под политички влијанија, а истото се однесува и за работата на судиите“

Политички притисок врз судството препознаваат и адвокатите на Мијалков. Велат Недозволиво е извршната власт да се меша во независноста на судството.

Адвокатите веќе поднеле жалба за новиот притвор на Мијалков кој доцна синоќа го одреди судот по барање на обвинителството. Тврдат дека тој незаконски бил задржан во Шутка чекајќи судот да одлучи дали за него повторно ќе биде одреден притвор.

Мијалков сега е во притвор за случајот Плацеви на Водно. На денешното судење кое продолжи со анализа на финансиските трансакции, одбраната на обвинетиот Камчев посочи дека вештачењето покажало дека Орка Холдинг од сопствени пари купила удел во компанија од Белизе, а не како што тврдело обвинителстовото, со пари кои екс премиерот Груевски ги присвоил од партијата. Со тоа, смета одбраната се потврдувала неоснованост на обвинението.