Македонија
31. December 2021 - 16:34

Граѓаните во последни подготовки, сите очекуваат подобра година

Предпразнична еуфорија во главниот град. Најсреќни – најмладите – ги одбројуваат последните часови, за да го добијат посакуваниот подарок од Дедо Мраз. Очекувањата - различни, скромни, ама искрени.

И на само неколку часа пред новата година, граѓаните брзаат да ги завршат последните обврски. Се купуваат подароци за најблиските, се пазарат последните продукти за празничната трпеза. Сепак, велат, дека последните две години, возбудата како да ја нема. Причина – Ковид пандемијата и најавите за поскапа живеачка од утре.   

Трговците задоволни –  изминативе денови центрите биле полни. Прометот ќе го бројат по празниците, но, попустите кои веќе се нудат, се надеваат дека ќе биде во рамките на очекуваниот.

Желбите, генерално, кај сите исти – здравје, среќа, повеќе пари, љубов и по некој подарок. Епа оваа Нова, Дедо Мраз нека ги исполни сите.