Македонија
31. January 2022 - 21:33

Реформи во образованието и обезбедување стручен кадар треба да бидат приоритети за државата

Реформи во образованието и обезбедување стручен кадар треба да бидат приоритети за државата. Во услови која 80% од невработените со години  не можат да најдат работа, затоа што ги немаат бараните вештини, фирмите, посебно странските, мака мачат да најдат работници. Проблемот со стручен кадар  може да се реши само со реформи.

- Без таков кадар нема бизнис, нема економија, нема раст од 4, а не пак од 7%. Владата треба овој проблем да го стави како врвен приоритет. Пандемјата ќе заврши, проблемот со стручен кадар ќе остане, изјави Бранко Азџески, претседааел на Стопанската Комора.

Со грант од 3,4 милиони евра, Германија ќе ни помага да се намали проблемот со недостигот на квалификуван кадар. 29 компании ќе го продолжат моделот на дуално образонавие, и ќе соработуваат со седум стручни школи и еден факултет. Целта е младите да видат дека ќе имаат иднина овде и ќе најдат добро платена работа.

Успехот може да се случи, но само ако се сфати дека  работните места кои  произведуваат производи се подобро платени од услужните сектори со што целокупната економија ќе се развива.

Минатата година 211 компании имаа склучено договор со школите, каде младите посетуваа практична настава. Оваа годниа Азески очекува бројот на фирми да достигне 500.