Завршни зборови во случајот ,,Топлик‘‘
Апсурд - вака Јанакиески во завршница на судењето го оцени случајот Топлик во кој е обвинет за злоупотреба на положбата додека бил министер за транспорт и врски.. Вели, се почитувале сите закони за продажба на земјиштето за проектот Сончев град, ама никој не можел да предвиди дека Уставниот суд ќе го укине планот за населбата, а инвеститорот ќе добие отшета. Јанакиески побара ослободителна пресуда.
Обвинителството смета дека докажало вина за Јанакиески и петтемина членови на комисијата од министерството. Предложи затворски казни за обвинетите.
Обвинението на поранешното СЈО го товари Јанакиески дека заедно со комисијата учествувале во незаконска продажба на парцелата за елитната населба на падините на Водно и според обвинителството, предизвикале милионска штета на буџетот.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
