Панчевски излезе од затвор по одлуката на врховните судии
По 14 дена во затвор, Панчевски денеска излезе на слобода. Колегите судии не го оставија долго зад решетки. Со пресуда на Врховниот суд е ослободен од издрОслободувањето на поранешниот судија Владимир Панчевски е во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права. Неговиот адвокат вели дека со одлуката на Врховниот суд се покажало дека судиите во Апелација биле должни да го повикаат Панчевски да објасни зошто не бил задоволен од пресудата.
„Ова не е само во корист на Владимир Панчевски, туку и во корист на сите други граѓани, бидејќи ако се воспостави една ваква судска пракса, нема за граѓаните да постојат непријатности, на пример да му се случи да не ја даде својата одбрана пред судот, директно на непосреден начин, а да добие пресуда, односно, некој да биде осуден , а без притоа да му се даде можност непосредно пред судијата да ја даде својата одбрана“, вели Петро Јанура, Адвокат.
Врховниот суд ја укина пресудата за Панчевски бидејќи како што навел во одлуката, Апелациониот суд одбил да одржи јавна седница на која обвинетитот ќе ја даде својата одбрана.
„Со тоа што Апелациониот суд Скопје при постапувањето по жалбите донел пресуда на нејавна седница, за која осудениот не бил известен, иако тој тоа го барал во поднесената жалба и притоа не навел релевантни и доволно образложени причини за таквиот начин на постапување, сторил повреда на правото на одбрана, која повреда влијаела врз законито и правилно донесување на пресудата и врз правото на осудениот на правично судење“
Панчевски беше осуден на затвор од 3 години и пет месеци за злоупотреба на компјутерскиот систем за распределба на судски предмети.. Апелација му ја намали казната на две и пол години, но сега со одлуката на Врховен, судот повторно ќе одлучува, ама треба да го сослуша и Панчевски.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
