Поднесено обвинението за сообраќајката во која загина 24 годишната Викторија
Брзо возење и невнимание се причини за сообраќајката кај Сити мол во која загина 24-годишната Викторија Николова. Истрагата на обвинителството утврдила дека младиот возач не обрнал внимание на трепкавиот жолт семафор, а Цитроенот се движел со над 67 километри на час - брзина кобна за девојката од Радовиш која минувала на пешачкиот премин.
„Приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри над максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба“, објаснуваат од обвинителството.
Според обвинителството, со непочитувањето на сообраќајните правила, 22-годишниот возач сторил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кои е предвидена затворска казна, но не помала од четири години.
Адвокатот на семејството Николови, очекува дека пресудата која ќе треба да ја изрече скопскиот кривичен суд, ќе биде поука за учесниците во сообраќајот.
Обвинителството бара и продолжување на притворот за возачот бидејќи постоела опасност да побегне или да предизвика нова сообраќајка со жртви.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
