ВМРО-ДПМНЕ не се појави на координацијата кај Џафери, СДСМ најави дека ќе избере членови и без опозицијата
ВМРО-ДПМНЕ не учествувала на редовната координација кај Џафери каде се договарало доекипирање на Комисијата која треба да предложи уставни судии. Од пратеничката група велат не биле кај собранискиот спикер, бидејќи во пракса не се почитувало договореното.
„Не им е битно дали ќе дадеме заменик член или не, за да го пополниме тоа место, затоа што тоа место навистина не е важно. Функционалната комисија во која членуваше Фадиљ Зендели, е сменет, ќе стават нивни член по нивен терк и битно ќе им биде оваа комисија да им ги изгласа владино-коалиционите предлози коишто стигнуваат“.
Од пратеничката група на власта велат ако опозицијата не понуди членови, местата во комисиите ќе останат празни. Појаснуваат дека владејачкото мнозинство треба да е пресликано и во комисиите.
„Има шест комисии кои биле во иста ситуација како комисијата за избори и именувања, а тоа се комисијата за земјоделие, одбрана, локална самоуправа... каде што сегашната опозиција заради таквите исти случувувања како во комисијата за избори и именувања има мнозинство. Фактички на тие комисии треба да биде пресликано мнозинството онака како што е сега во моментов“.
Пратеничките групи имаат рок до среда да предложат членови за доекипирање на комисиите, места кои се испразнија откако неколкумина пратеници станаа градоначалници.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
