Со лажен сертификат приватна фирма заработувала на државна сметка
Со лажна лиценца битолска фирма сервисирала лифтови во Болници, министерства и станбени згради.
Со фалсификувани документи тврдела дека поседува хрватска лиценца за работа и за четири години добила дури 90 тендери. Незаконитото работење го открила Антикорупциска откако фирмата се жалела дека не го добила тендерот за одржување на лифтовите во Општата градска болница во Скопје.
Антикорупциска не го открива името на фирмата, но велат дека сопственикот поседувал уште две компании за сервисирање лифтови. Очекуваат предмет да отвори и јавното обвинителство.
Според антикорупционерите, слабост имал системот за јавни набавки кој не предидувал проверка на сертификати, па тоа го искористила фирмата и со години лажирала дека има лиценца за сервис на лифотви.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
