Балкан
18. March 2022 - 12:34

Приведен Бојко Борисов

Тензии во бугарскиот законодавен дом по вчерашното приведување на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Пратениците од неговата партија утрово излегоа пред собраниската говорница но брзата реакција на обезбедувањето спречи физичка пресметка

Во меѓувреме партијата на Борисов протестира и пред Владата.

Лидерот на ГЕРБ, и поранешен премиер на Бугарија Бојко Борисов синоќа беше приведен. Речиси три часа траеше претресот во домот на Бојко Борисов. Приведувањето е извршено во рамките на специјалната операција за злоупотреба на европските фондови. Меѓу приведените е и поранешниот бугарски министер за финансии Владислав Горанов., како и поранешната претседателка на собраниската Комисија за буџет Менда Стојанова и поранешната шефица на владината служба за информирање Севдалина Арнаудова.

Борисов е уапсен само 6 часа подоцна откако во Бугарија претстојуваше главната европска обвинителка Лаура Ковеси.
Адвокатот на Борисов во изјава за бугарските медиуми тврди дека приведувањето на Борисов следи по пријава на контроверзниот бизнисмен Васил Бошков од кој поранешниот бугарски премиер наводно изнудувал пари. Локалните медиуми пишуваат дека обвинителството располага со фотографии и видео матеирјали со кои ќе ги докажува дека Борисов сторил серија кривични дела со кои предизвикал штета на буџетот од 220 милиони евра.
Меѓу сослушаните сведоци бил и актуелниот премиер Петков кој во изјава за медиумите рече дека никој не е над законот.