Македонија
19. March 2022 - 16:37

Дали се подготвува штрајк во образованието?

Наставниците нема да штрајкуваат. На владата и дадоа рок уште едена недела за да ги исполни нинвите барања. На денешната седница на Самостојниот синдикат на образованието и науката, едногласни беа дека сакаат штрајк. Се сметаат за слуги на државата, бидејќи како што рекоа, работеле за плати и до 30 отсто пониски од просечната.

Од СОНК велат дека остануваат на истите барања – усогласување на платите со минималецот кој сега е зголем на 18 илјади денари и пресметка на коефицентот на сложеност на работните обврски.

Членовите на Независниот синдикат во образованието и науката пак, денеска излегоа на протест. Бараат зголемување на платите во согласност со минималната, или како што рекоа, во следниот период ќе бидат побројни пред владата.

Последниот штрајк во образованието се случи во 2019та, кога за еден ден беше одолжен стартот на школската годиниа.