Македонија
4. April 2022 - 21:16

Ќе добијат ли судиите норма за завршени предмети во една година

Нормата за судиите ќе зависи од тежината на предметите. Методологијата за сложеност која наскоро ќе биде дел од компјутерскиот систем за распределба на предмети ќе одредува колкав учинок треба да остваруваат судиите. Сложеноста ќе се утврдува врз основа на бројот на обвинети и оштетени, сведоци и докази.

Од остварениот учинок ќе зависи и оценката на судиите, така, велат од Судскиот совет, ќе се знае кој заслужува унапредување.

Според последната анализа, половина од судовите во земјава лани не работеле ажурно – меѓу нив се врховниот и апелационите судови.