Утре, на денот на здравјето, протест на матичните лекари пред Министерството за здравство
На денот на здравјето во бели мантили заедно со медицинските сестри матичните лекари утре точно напладне половина час ќе протестираат пред Министерството за здравство.
Ова е трет протест на докторите од примарното здравство годинава и последен обид за исполнување на нивните барања. Тие инсистираат да се покачи капитацијата која сега изнесува 65 денари, пациентите да се водат на здравствената установа, а не кај лекарот, да се променат казнените политики на Фондот и да се упрости пропишувањето на лекови.
-Се е поскапено, покачена е просечна плата, индустриската струја, горивото, храната, но пари за капитационен бод никако да се најдат, изјави Д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.
Ординациите на матичните лекари утре поради протестот ќе бидат затворени, а ги известиле службите за Брза помош во целата држава да ги прифатат итните случаи.
Во моментот во државата работат околу 1400 матични лекари, а пред неколку години имаше 1800-тини.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
