Судот одлучи Зекири да остане во притвор, Рашковски се соочи со доказите на Обвинителството
Судот одлучи Зекири да остане во притвор, откако му беше одбиена жалбата.
Неговата одбрана предлага поблаги мерки откако судот во петокот му одреди 30 дневен притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото.
Според истрагата на Обвинителството, Зекири е осомничен дека како генерален секретар на Владата го оштетил државниот буџет за над 900 илјади евра. Наместо на тендер, Склучил договор во четири очи за консултантски услуги кои го анализираат работењето на Македонски пошти. Освен Зекири, со истрагата се осомничени и двајца хрватски државјани кои ќе се бараат со меѓународна потерница.
Во меѓувреме, тече судењето за претходникот на Зекири. И денеска во судница се читаа пораки меѓу Драги Рашковски и останатите обвинети кои биле дел од набавката на сообраќајниот софтвер. Во нивната меѓусебна комуникација, обвинителството тврди дека екс владиниот секретар имал псевдоним, но тоа го негираше Рашковски.
Рашковски одговара и за перење пари. Обвинет е дека вработувал хонорарци чија единствена работна задача била да му враќаат дел од парите.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
