Македонија
13. April 2022 - 16:35

Комисијата за заразни препорача во Македонија да се влегува без сертификати

Да се укине Ковид сертификатот за влез во државата предложи Комисијата за заразни болести. Ова важи и за македонските и за странскитеграѓани. Доколку препораката помине на Кризниот штаб и на седница на Влада идната недела, пред празниците влезот во земјава ќе биде без ограничувања. Потврдите за вакцинација или прележаност остануваат задолжителни за влез во затворените делови на угостителските објекти.

-Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Инаку речиси сите земји во регионот, и повеќето европски држави го укинаа ковид сертификатот за влез на нивна територија. Од денеска нема потреба од тест или вакцина за во Бугарија, Грција размислува тоа да го направи од 2 мај, а влезот во Србија од поодамна е без никкави ограничувања.