Македонија
21. April 2022 - 16:41

Три затворски и две условни казни во пресуда за „Плацовите на Водно“

Судот ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“. Поранешниот премиер е осуден на седум години затвор, Сашо Мијалков доби една година и три месеци, а Орце Камчев една година затвор. На условни казни беа осудени Новачевски и Јосифовиќ, додека Ратка Камчева е ослободена од обвинение. Тие одговараа за перење пари и незаконско стекнување имот.

Одбраната најави жалба за пресудата. Тврди дека казните не биле во согласност со одлуката на судот.

Обвинителството е незадоволно од пресудата. Смета дека дел од обвинетите заслужувале повисоки казни.

Со одлука на судот, се запленуваат и парцелите на Водно како и три станови кои според обвинението ги купил екс премиерот со пари од партиски донации, а во тоа му помогнале останатите обвинети.