Македонија
27. April 2022 - 19:57

Завршни зборови за случајот „ТНТ“

Обвинителството бара затворски казни за обвинетите во случајот „ТНТ“. Тврди дека докажало оти поранешниот премиер Груевски влијаел врз тогашниот министер за транспорт и градоначалникот на Гази Баба да го урнат комплексот „Космос“ за како што рече обвинителот Рустеми политичка одмазда.

Рустеми повлече дел од обвинението против Јанакиески кое го сомничеше дека учествувал во набавката на експлозив за уривањето на објектот и побара судот тоа да го има во предвид при одредување на казната за поранешниот министер за транспорт и врски.

Јанакиески побара ослободителна или одбивателна пресуда бидејќи како што рече тој како министер немал овластувања во постапките за уривање. „Космос“ отстапувал од дозволата за градба, а тоа го потврдиле дури 36 судски пресуди.

Освен Груевски и Јанакиески, во „ТНТ“ обвинети се уште екс градоначалникот Тони Трајковски и неколкумина вработени во општината. Тие своите оценки за судењето ќе ги дадат утре.