Македонија
2. May 2022 - 19:45

ДУИ со нов споменик го прослави денот на бранителите од УЧК

Албанско знаме од денеска го краси споменикот на загинатите борци на УЧК од 2001-та.

Спомен обележјето во Слупчане, свечено го открија Ахмети, собранискиот спикер Џафери и речиси целиот министерски тим на Демократската унија за интеграција.

Според Ахмети, војската на ОНА била составен дел од историјата на Македонија и како што рече, без неа, државата не може да има иднина.

Со интонација на албанската химна и едноминутен молк за загинатите започна манифестацијата за отворање на спомен кулата. На жртвите потсетуваа празни столици со каранфили и црвена боја која ја симболизира крвта за загинатите.

Огромен број луѓе го следеа настанот за откривање на споменикот кој се гледа од речиси од секоја агол на кумановското поле.

Во меѓувреме ниту една институција не потврди дека дала согласност за градба на досега најголемиот споменик посветен на борците на УЧК.