Македонија
4. May 2022 - 19:55

Шефот на државата го губи правото да аболицира, помилување ќе има само за осудените

Предложениот закон за помилување може да биде злоупотребен во политички цели, сметаат дел од правниците. Освен Министерството за правда, предлагаат во постапката за помилување, да се вклучат и судиите.

„Одлуките во име на народот ги носат судиите, а тие не партиципираат во делот на помилувањето. Тоа е многу важен елемнт, бидејќи од една страна ќе имаме одлуки кои се донесени од судот, а од друга страна ќе имаме политичко помилување на одредени лица врз основа на некоја комисија од Министерствот за правда, што не е во ред и се упатува една многу погрешна порака до сите граѓани на Република Македонија дека правдата може да се изигра и заобиколи“, вели Тони Менкиновски, адвокат.

Од правда велат дека предложениот закон ќе стави крај на злоупотреба на постапките за помилување. Иако Министерството ќе оценува кој да биде помилуван, конечниот збор ќе го имал шефот на државата.

„Претседателот, затоа што тој е поденичен правен акт кој што го донесува претседателот на државата, но тука се инволвирани уште Казнено-поправните установи и се разбира Министерството за правда. Она што е важно, значи има рокови кои се прецизни и докрај се прецизирани ингеренциите на сите засегнати страни кои учествуваат во процесот на помилување“, вели Никола Тупанчевски, Министер за правда.

Со предложениот закон, се укинува помилување на осомничени и обвинети за кривично гонење. Ослободени ќе може да бидат само лица за кои завршила судската постапка.

Конечната верзија на законот за помилување е предвидено да биде готова до крајот на месецов, а за негова примена треба да се изјасни Собранието.