Дали укинувањето на ковид протоколите ќе ги намали листите на чекање за прием на деца во градинка?
Дали укинувањето на Ковид протоколите ќе ги намали листите на чекање за прием на деца во градинките. Колку места ќе се ослободат со зголемување на групите кои беа преполовени од труд и социјала не добивме конкретен одговор.
Според претходни податоци од министерството над 7.000 деца чекаат да бидат згрижени во предучилишна установа. Листите дополнително се зголемија поради намалувањето на бројот на деца во групите до 12, односно 15 за поголемите како и одлуката предност за прием да имаат децата на самохраните или ако двајца родители работат.
- Иако имаме поднесено барање за прием на детето во една скопска градинка речиси година и половина чекаме позитивен одговор. Во меѓувреме бевме приморани да ангажираме жена да го чува детето додека сме на работа, вели една мајка која сакаше да остане анонимна.
- Барањата за запишување на деца како и бројот на деца кои се на листа на чекање за упис во детските градинки, ги уредуваат Комисиите за прием на деца во предучилишни установи кои се во нивни состав. Детските градинки се посебни правни субјекти во надлежност на општините кои согласно потребата во нивната општина, на ниво на совет на општината носат одлуки за евентуално зголемување на опфатот на деца во градинките, информираат од МТСП.
Според последните информации од труд и социјала најголеми листи за прием во градинка има во Општина Аеродром и Куманово.
Инаку во земјава има 77 државни градинки.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
