Македонија
31. May 2022 - 20:00

Каква е состојбата во Тетово ден по избувнувањето на големиот пожар?

Непријатна миризба, урнати ѕидови и опожарени фабрички хали останаа по вчерашниот пожар во тетовска „Македонија табак“. По речиси 24 часа, повеќе не излегува црн чад од фабриката во која се прозиведува стиропор табли, но жителите на Тетово велат остатоците од пожарот го загадуваат воздухот.

Властите уверуваат дека и покрај непријатната миризба, воздухот не бил штетен по здравјето на граѓаните.  Мерните инструменти покажувале мали отстапки над дозволените граници.

Сопственикот на фирмата оценува дека пожарот нанел штета за компанијата од над 10 милиони евра. Државата најави помош за санација на штетите.

Како избувнал пожарот ќе треба да утврдат истражителите на обвинителстовото и полицијата. Причините ќе ги бараат во остаците од опожарените хали со површина од над 7 илјади метри квадратни.

Пожарот во тетовската фабрика избувна вчера после девет часот утрината. За кратко време густ црн чад го покри небото над Тетово, а во справување со огнот учествуаа и хелихоптери на армијата и полицијата.