Пресуда за „Талир 2“: Судот го конфискуваше седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и одреди 6 години затвор за Груевски
Конфискација на партиското седиште, шест години затвор за Груевски и условна за Божиновски гласи пресудата за случајот Талир два кој се однесува на изградбата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Според одлуката на судот, обвинетите ја злоупотребилке службената положба и овозможиле партијата да се стекне со имотна корист.
Според одбраната, партискиот штаб не бил заслуга само на двајцата обвинети, бидејќи во создавањето на имотот свој придонес имале многумина. Судењето било насочено единствено кон имотот на партијата, правниот застапник.
Освен партиското седиште, според пресудата, се конфискуваат и 30тина штабови низ државатa. Од обвинителството појаснуваат дека ВМРО-ДПМНЕ останува сопственик на земјиштето и мебелот во зградата.
ВМРО-ДПМНЕ, пресудата за смета за политичка. Од партијата велат, имотот не е ВМРО-ДПМНЕ, туку народот.
Со предметот Талир два, Груевски и Божиновски беа обвинети дека овозможиле Бетон да го изгради партискиот штаб, иако градежната фирма во тој период била ангажирана од државни институции што било спротивно на Законот за финансирање на политички партии.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
