Заврши учебната година - уште една невообичаена ковид/штрајк година зад учениците
Учебната година во септември ја почнаа со маски и Ковид протоколи, а ја завршија со гушкање...
Зимата беше одложен и стартот на второто полугодие за десетина дена поради зголемениот број заразени со коронавирусот во земјава, а во април децата изгубија и 12 дена настава поради штрајкот на СОНК за поголеми плати на наставниците.
И покрај турбулентната година во образовниот процес денеска во редовниот термин заврши наставата за околу 255.000 основци и средношколци.
Едни се радуваа што ќе одат на распуст, на други пак ќе им недостига училиштето.
И додека помалите ги завршија училишните обврски, полуматурантите од утре ќе аплицираат за упис во средните училишта. За прв пат пријавувањето ќе биде електронско и ќе трае до 15 јуни. Прелиминарните листи ќе бидат објавени утредента наутро, по што идните средношколци ќе можат да ги поднесат потребните документи.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
