Македонија
10. јуни 2022 - 16:36

Радев јавно побара ветото да остане, кризата во владата создава неизвесност

Да остане ветото за Македонија додека нема функционална Влада во Бугарија. 

Ова е предлогот на претседателот, Румен Радев, кој порача дека по распадот на владината коалиција, неопходно било да се обезбеди финансиска стабилност за државата, ама и задржување на спуштената рампа за ЕУ интеграциите на Македонија.

Во меѓувреме, бугарскиот премиер прави напори за обезбедување на паралментарно мнозинство. 

Од „Има таков народ“, потврдија дека Петков разговарал со неколкумина пратеници, а од партијата велат дека засега не планираат да покренат гласање за недоверба на владата.

Петков пак од заедничката прес конференција со комесарот за проширување на ЕУ, вчера изјави дека ветото за Македонија може да биде тргнато само ако се почитува резолуцијата изгласана во софискиот парламент, бугарите станат уставен народ во Македонија и целосно се реализира договорот за добрососедство.

За опозицијата во земјва, барањата на Петков биле порадикални дури и од тие на Каракачанов. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потегот на бугарскиот премиер го гледа како обид тој да остане на власт.

Министерот Османи пак од Самитот во Солун порача ЕУ без понатамошни одлагања да почне процесот за европска интеграција на државата.

„Нема поважна, поефективна и покатализирачка одлука за зајакнување на стабилноста и поривот за реформи и ЕУ ентузијазмот во регионот на ЈИЕ, од онаа да се отоврат пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, без понатамошно одлагање и изговори, за што моментот е созреан.