Трите ер-трактори се уште не би можеле да отидат на гаснење пожар
Трите авиони за гаснење пожари ова лето ќе бидат во функција, уверуваат од Дирекцијата за заштита и спасување. Едниот Ер трактор веќе бил сервисиран и вратен во земјава.
-Се чека само да се добие дозвола за летање, изјави Мирослав Трајковски – од секторот за превенција, планирање и развој во ДЗС.
Авионите не беа во функција минатото лето кога во земјата имаше огромни пожари и изгореа над 11.000 хектари шума, а најзафатен беше малешевскиот крај.
За да не се повтори 2021-ва Противпожарниот сојуз на Македонија со едукативни материјали ги информира граѓаните како да се однесуваат во шума.
-Што треба да направат ако забележат пожар, да не фрлаат отпушоци од цигари, изјави Петар Плотников, претседател на против пожарниот сојуз на Град Скопје
Инаку според државниот завод за статистика минатата година за само 4 месеци од јуни до септември во Македонија имало 142 шумски пожари.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
