Се предлага нов Кривичен законик
Се стеснуваат границите за казни одредувани од судиите. Министерството за правда со нов Киривичен законик ќе регулира во кои ситуации ќе може да се изрекуваат максимални казни. Досегашните искуства, според Тупанчевски, покажале злоупотреби.
„Констатиравме дека тоа може да биде индикатор за злоупотреба на она што е пропишано како казна. Се обидовме да ја стесниме таа рамка, да има можност за индивидуализација на казната, меѓу тоа, таа казна да има ограничен карактер, за да не постои можност судијата да креира право“, вели Никола Тупачевски, Министер за правда.
Со предложениот закон, злоупотребата при јавни набавки станува посебно кривично дело. Казната за функционерите останува иста, ама ќе зависи од тежината на делото.
„Злоупотребата при јавни набавки го издвојуваме како посебно кривично дело. Тоа не значи декриминализација, мислам, сега го немаме пред нас текстот, дека повеќе облици постојат, потежок, полесен нормално со различни пропишани висини на казни“, изјави Александра Деаноска, Професор по право.
Од правда појаснуваат дека предложениот закон во следните шест месеци ќе биде на увид на јавноста, па дури потоа ќе биде доставен до собранието.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
