Зголемен број на ковид позитивни пациенти во Козле
По дваесетина деца со Ковид дневно завршуваат на преглед во амбулантите во Козле. Од почетокот на неделата во детската болница бележат зголемен број заразени. Директорот на установата вели дека речиси во сите случаи позитивни се и родителите, кои или сами или со децата патувале надвор од државата. Во моментот во болницата хоспитализирани се 7 мали пациенти, а пред неполн месец детскиот ковид центар беше затворен.
- Сите деца се мали, најголемото е 3 години, моментално имаме 7 деца хоспитализирани. Сите деца што се позитивни, нивните родители или сами или заедно со нив патувалче надвор од државата. Сите се со полесни симптоми, односно полесна клиничка слика и немаат потреба од кислородна подржа, но сепшак бројот е во пораст, изјави д-р Бесник Зеќири, директор на Детската болница Козле.
Не само кај децата кои имаат потреба од лекарски преглед и болничко лекување, зголемен број новозаразени деновиве се евидентираат и во дневните извештаи на ИЈЗ.
Бројот на активни случаи за една недела двопјно порасна од 800-тини на 1600 зараезни.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
