Обвинителството води уште една истага за Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата
Обвинителството води нова истрага за Мухамед Зекири. Се сомнева дека тендерот за консултантски услуги не била единствната злоупотреба на поранешниот генерален секретар.. Документите кои владата ги испратила до обвинителството биле клучни за отоврање на уште една истрага за Зекири.
Поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зекири, се соочува со уште една истрага за злоупотреба на функцијата. Засега не се открива колку пари проневерил владиниот ген-сек, ниту дали се вклучени и други луѓе.. Сомнежот за нова злоупотреба, обвинителството го проверува со проширување на истрагата која се води речиси три месеци.
„Предметниот обвинител врз основа на сознанијата прибавени во текот на истражна.та постапка има издадено наредби до Министерството за внатрешни работи и се очекува постапување по истите. Во зависност од наодите од постапувањето, обвинителот ќе донесе одлука за понатамошно постапување“
Дека екс генералниот секретар уште еднаш ја злоупотребил функцијата, откриле документи кои Владата ги испратила до обвинителството. Се барале докази за тендерот поради кој Зекири заврши во притвор, но анализата укажала на ново кривично дело.
„При обезбедувањето докази е пронајдена писмена документација која укажува дека осомничениот М. З. Сторил уште едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за сличен кривично-правен настан, како и ќе биде потребно осомничениот да биде повикан со цел негово сослушување за новите околности“, се наведува во одлуката на Апелација за продолжување на притворот на Зекири.
Зекири е во притвор од април годинава откако обвинителството откри дека го оштетил државниот буџет, а во тоа биле вклучени и двајца хрватски државјани. Осомничени се дека присвоиле близу 150 илјади евра, при склучување на договор за консултантски услуги.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
