Македонија
12. July 2022 - 16:48

Зголемување за 80 проценти на Ковид позитивни регистрира ИЈЗ во неделниот извештај

Зголемување за 80 проценти на Ковид позитивни регистрира ИЈЗ во неделниот извештај. Минатата недела пријавени се 1731 случај од нив 440 по втор добиле позитивен тест, а претходните 7 дена имало помалку од 1000 заразени од кои 190 се реинфекции.

Според анализата на ИЈЗ пораст има кај сите возрасни групи, а најголем дел од инфицираните се над 60 години. Најмногу заболени пријавени се во Скопје, Куманово, Битола, Кавадарци, Охрид...

Само Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Крушево се градовите во кои нема ниту еден заболен.

Во моментот на болничко лекување поради Компликации од Ковид има 28 пациенти, за 18 повеќе од претходната недела.

Во последниот извештај евидентирани се и два смртни случаи.

На што се должи зголемувањето на бројот на нови случаи утре ќе анализираат и на Комисијата за заразни болести, но според информации на Сител за сега не се планира враќање на Ковид мерките бидејќи нема наплив на пациенти на кои им е потребна хоспитализација.