Бугарија прв пат јавно и го честита Илинден на Македонија
Неколку часа по формирањето на преодната влада во Софија, бугарското министерство за надворешни, со јавна честитка до земјава по повод државниот празник - 2 август.. Во пораката испратена преку социјалните мрежи, минстерството изразува уверување за развој на добрососедските односи..
„Искрени честитки до Република Северна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи“ се вели во честитката на бугарското МНР..
Таа доаѓа кратко по назначувањето на новиот министер за надворешни.. До одржување на изборите во Софија, прв човек на бугарското МНР ќе биде Николај Милков.. Неговата биографија бележи богата дипломатска кариера, а последниот ангажман му бил - амбасадор во Франција. Таа функција ја извршувал од јануари лани се до денес..
На честитката од официјална Софија, експресно одговори македонското МНР..
„Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија. Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи“
Според поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, промената во раководството на тамошното Министерството за надворешни, нема да донесе никакви промени во одсносите меѓу двете држави.. Според Ѓорчев, редефинирањето на македонскта историја ќе остане во фокусот на официјална Софија..
Пред пет години, Македонија и Бугарија заеднички го чествуваа Илинден. Одбележувањето следеше по потпишуѕвањето на договорот за добрососедство..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
