Македонија
24. August 2022 - 16:37

Советот на јавни обвинители расправаше за Русковска - ќе остане под суспензија

Русковска останува суспеднирана од работното место. Советот на јавни обвинители, денеска по еден час дебата зад затворени врати, едногласно одлучи да ја отфрли жалбата на обинителката како неоснована. Во советот сметаат дека Русковска можела да влијае на случајот со претресот во Финансиската полиција поради кој заработи кривична пријава, а доби и суспензија од државниот обвинител.

Колку време Русковска нема да ја извршува функцијата обвинител, зависи од Скопското обвинителство кое постапува по кривичната пријава против неа, појаснуваат од Советот.  Очечекуваат дека целата постапка би завршила за околу два месеца.

Одлуката да остане оддалечена од работното место, Русковска одби да ја коментира. Прашана за можно влијание кај обвинители како главен аргумент на советот таа да останае под суспензија, вели дека, никогаш не се мешала во работата на нејзините колеги бидејќи како што појасни, тоа е забрането со закон.

Разгледувањето на жалбата на Русковска не го следеше Државниот обвинител Јовески кој по функција е член на Советот на јавни обвинители. Според советот, одлуката за суспендирање била резултат на нивната несоработка.

Случајот кој резултираше со суспензија на Вилма Русковска и оставка на Арафат Муареми започна минатиот месец. Обвинителството за гонење криминал и корупција, постапувајќи по приватна кривична пријава направи претрес во Финансиската полиција, а нејзиниот директор се пожали дека обвинителите незаконски влегле во институцијата. Муареми поднесе и кривична пријава до Русковска, па минатата недела во ист ден ги напуштија своите позииции. Директорот поднесе оставка, обвинителката беше суспендирана.