Македонија
1. September 2022 - 16:32

Долги говори и лични навреди во дебатата на собраниската Комисија за избор на уставни судии

Долги говори и лични навреди ја одбележаа собраниска комисија за избори и именувања на која се дебатираше за кандидатите за уставни судии. Денеска продолжи расправата  за Тања Васиќ-Бозаџиева, предложена од владејачкото мнозинство. Нејзиното искуство, според опозицијата, не било доволно таа да седне во Уставен, се сомневаат дека  ќе работи како партиски послушник.

Условот да е истакнат правник, не е доволен за избор на уставен судија, смета опозицијата. Во Кандидатот Тања Васиќ-Бозаџиева, предложена од власта, не препознаваат иден судија на Уставен. Нејзината кариера не укажувала дека таа заслужува место во Уставен, сметаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

За власта пак нема ништо спорно во биографијата на нивниот кандидат. Обвинуваат дека однесувањето на опозициските пратеници ја кочи работата на Уставниот суд.

Ваквиот говор накратко ја вжешти собраниската расправа, па следеа и меѓусебни закани.

Васиќ-Бозаџиева е трет кандидат од вкупно деветмина за место во Уставен чии биографии ги разгледува собранието. Расправата почна во средината на мај, а досега само двајца минаа под лупата на собраниската комисија. Во меѓувреме, Уставен подолг период работи со речиси преполовен број на судии.