Опасност од напад на Македонија нема - Се набавуваат против воздушни системи согласно стратегиските планови
Закана за напад врз нашата држава засега не постои, но обврска е да се гарантира безбедноста, затоа се набавува воздушен систем за одбрана од Франција. Министерката за одбрана, за набавката објаснува дека е за да се заштитат националните интереси. Договорот за поголема безбедност на земјава ќе чини 66 милиони евра, а ќе се исплаќа четири години.
Во последниве две децении нема набавка на системи за противвоздушна одбрана, иако како што претходно изјави министерката, воздушната безбедност на Македонија како членка на НАТО ја гарантираат сојузничките воздушни сили.
Токму Македонија пак, од утре ќе биде домаќин најголемата конференција за комуникатори на НАТО-алијансата. На конференцијата предвидено е да се дискутира и да се осмислуваат стратегии со партнерите на Алијансата за информативните десциплини на воените работи, психолошки и информативни операции, а ќе има над 300 учесници од земјите-членки на НАТО и партнерите изјави Славјанка Петровска.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
