Обвинетите негираат вина за убиството на Денис Тот
Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Тот не се чувствуваат виновни. 28 годишниот Анџело, осум години помладиот Андреј и 19 годишната Клементина, откако слушнаа за што ги гони обвинителството, сите тројца имаа идентичен одговор на прашањето за вина. „Не се чувствувам виновен и не го признавам крвичното дело“ гласеше нивниот одговор.
Што се случувало ноќта на седми април пред ноќниот клуб во скопскиот градски парк, објаснуваше обвинителот. Тројцата влегле во такси, а на задното седиште влегол и Тот.. Прв му се нафрлил Андреј кој со влечење го извадил од автомобилот, од тупаниците на Анџело, ракометарот паднал, па добил уште неколку удари од Клементина која со нога удирала по главата на Тот.
Одбрана подготвуваат и адвокатите. Денеска побараа дополнително време за анализа на доказите кои ги поседува обвинителството.
Ударите по главата биле кобни по животот на хрватскиот ракометар, тврди обвинителството. Од првите тупаници паднал во кома, а потоа заработил и нагмечување на мозокот. По неполни 12 часа, Тот починал на скопските клиники. изјави Иванка Јакимовска, адвокат
Судењето за Анџело, Клементина и Андреј ќе продолжи идната среда.. Ќе сведочат очевидци на настанот, а нивните изјави ќе ги слуша и таткото на починатиот Тот.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
