Одложен почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница
Поранешниот директор на тетовската болница не се чувствува виновен за пожарот во модуларниот ковид центар. Флорин Бесими, денеска седна на обвинителната клупа во Основниот суд во Тетово, ама не слушна за што е гонет.. Каква кривична одговорност му се става на товар, треба да дознае во средината на идниот месец, кога во истата обвинителна клупа ќе седнат уште неговиот екс колега, економскиот директор на болницата, Артам Етеми и докторот Бобан Вучевски.. Првиот немал уредна покана, а докторот се правдал дека има работни обврски во болницата, па почетокот на процесот за тројцата обвинети, судијата го закажа за 14 ноември.. Бесими тогаш ќе ја има шансата да негира вина, а дека не се чувствува виновен, првин им кажа на новинарите кои го следеа денешното судење..
Според обвинението, двајцата менаџери на болницата и директорот се товарат за тешки дела против опшатата сигурност и непостапување по здравствени прописи за време на епидемија, но нема детали на кој начин ги сториле кривичните дела за кои се предвидени казни до пет години затвор. Одговорност се бара и од болницата како правно лице кое се соочува со истите кривични дела..
„Остатоци од болнични кревети, медицинска опрема, парчиња облека сведочат за пожарот во тетовската модуларна болница. Една година по трагедијата, само столбовите и делови од преградните ѕидови на металните контејнери се нем сведок за ужасот низ кој минувале 14мината загинати.
На осми септември лани во една од болничките соби изби пожарот во тетовксиот ковид центар кој за неколку минути се прошири на целиот објект. Истрагата откри дека прегреан проодлжен кабел го предизвикал огнот. Со него се напојувал дефиблитор кој во тој момент сек ористел за реанимација на пациент, бил приклучен уште полнач за мобилен и електричен апарат. Од обвинителството тврдеа дека до истите сознанија дошле и германските експерти кои ги истражуваа причините за пожарот. Се истражуваше и начинот на градба и материјалите користени за монтажниот објект, но засега обвинителството не открива дали се утрдени неправилности..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
