Македонија
9. September 2022 - 16:33

Мицкоски: Планот вреден 300 милиони евра нема да не спаси од енергетска криза - Пендаровски бара помош од ЕУ

Сумата од 300 милиони евра договорена на Советот за безбедност, нема да ја спаси државата од енергетска криза, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според Мицкоски, со проекциите на државниот врв, кризата дополнително ќе се продлабочи. Вели дека со пакетот не биле опфатени компаниите, а пропуст гледа и во отсуството на преставници од локалната власт.

Пендаровски кој во вторникот на заеднична маса го седна државниот врв да договори план за надминување на енергетската криза, денеска како домаќин на неговиот италијански колега, порача дека е неопходна помош и од Европската унија. Очекува Брисел да го примени моделот кој се користел за дистрибуција на вакцините.

И италијанскиот претседател, Матарела, е согласен дека ЕУ треба да помогне на државите од Западен балкан, бидејќи како што вели, ниедна држава не може сама да се справи со енергетската криза.