Македонија
9. September 2022 - 16:34

Заев е горд на договорот со Бугарија - За Мицкоски позицијата на Софија не е ниту добрососедска ниту пријателска

Без оглед на условувањата од Бугарија и потенцијално идно вето за историските прашања , поранешниот премиер Заев не се кае што го потпишал договорот за добрососедство со неговиот поранешен бугарски колега Бојко Борисов. Како исклучително горд потписник на договорот, Заев е уверен дека македонскиот идентитет во моментов е најпризнаен во историјата. Се заблагодари и на бугарските и на македонските партии што во Парламентот го изгласале францускиот предлог за отворање на преговорите со Европската Унија.

Во договорот со Бугарија нема ништо добрососедски ниту пак пријателски, пак смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски посочи дека и на неговата партија приоритет ќе бидат добрососедските односи, но не како што вели со потпишување на асимилаторски договори.

Со оглед на политичката криза во Бугарија пак и предизборната атмосфера, известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук не сакаше да го коментира се поголемиот рејтинг на ултра националистичките партии во Бугарија, кои во дел од нивните програми најавуваат и анектирање на нашата земја.

Според последните анкети, бугарската политичка партија Преродба е на трето место со 12,5% поддршка од буарските гласачи. Во нивната програма е наведено дека клучно ќе биде решавањето на прашањето со Македонија и дека нашата земја е втората бугарска држава на Балканот. Од патијата наведуваат дека ќе работат на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава.

Инаку изборите во Бугарија треба да се одржат на 2 октомври.