Македонија
14. September 2022 - 16:32

Судиите гласаа за избор на членови на Судскиот совет

263 судии денеска гласаа да се изберат членови на Судскиот совет од нивните редови.

Гласањето се одвиваше на 18 избирачки места, а судиите бираа кој нивни колега да ги пополни трите празни места во Советот.  Има пријавено четворица кандидати- од Врховниот суд судијката Мирјана Радевска Стефкова, а од апелационото подрачје на Скопје и управните судови е судијата Зоран Герасимовски. Со оглед на тоа што немаат противкандидати, ниту пак законски има цензус за колку гласови се потребни да будат избрани, нивните места ќе бидат сигурни во Судскиот совет, доколку нема никакви жалби.

Трката за место во Советот ќе се води помеѓу двајцата судии од основниот суд во Тетово, Љупчо Спироски и Ивица Николовски.

Гласањето се заокружува во 15 часот, а потоа се пребројуваат гласовите. Кој колку гласа добил и кој официјално станал член на Судскиот совет ќе се знае по поминување на роковите за жалби и приговори.