Струмица гради велосипедски патеки
Почна изградбата на велосипедски патеки низ Струмица. Инфраструктурните активности значат и официјален почеток на проектот ,,Струмица паметен вело град,, вреден 750 000 евра. Проектот предвидува изградба на 11 километри велосипедски патеки со кои ќе бидат опфатени три булевари, дел од градскиот парк и десетина улици. Вкупната инвестиција за инфраструктурните зафати изнесува 295 000 евра. Средствата се 100% донација од Европската Унија преку програмата ,,ЕУ за општините,,.
Проектот опфаќа неколку фази, а освен велосипедските патеки предвидува и активности за јакнење на јавната свест за употребата на велосипедот.
Очекувањата се дека неговата реализација ќе значи многу и во решавањето на проблемот со загадениот воздух.
Изградбата на велосипедските патеки е планирано да заврши за 12 месеци. Во рамки на проектот најавена е набавка и на 150 смарт велосипеди наменети за користење од страна на граѓаните.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар