Македонија
16. October 2022 - 16:27

На камп во Дојран младите учеа како да почнат свој бизнис

Со поддршка на Европската Унија  младите од Југоистокот на државата учеа како да ги развијат нивните бизнис идеи во бизнис планови и како активно да се вклучат на пазарот на трудот. Преку седумдневен камп кој се одржа во Дојран со помош на еминентни универзитетски професори, успешни претприемачи и експерти 19 млади лица на возраст од 19 до 29 години  се стекнаа со нови знаења и вештини во областа на иновациите и претприемништвото. Кампот беше дел од проектот Деловен Еко систем како интегриран систем што го имплементира Центарот за Развој на Југоисточниот плански регион.

За предавачите на кампот кои се веќе докажани во нивните области ваквите проекти се многу важни. Преку нив младите претприемачи имаат можност да ги надополнуват знаењата стекнати со  формалното образование, но истовремено и да ги презентираат проблемите со кои се соочуваат во реалниот сектор.

Финалниот резултат од од кампот се 6 бизнис планови подготвени од страна на сите учесници под менторство на професори од областа на економијата и бизнисот.Учесниците со најдобри бизнис идеи ќе добијат и бесплатно користење на Заедничкиот работен простор кој се наоѓа во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица.