Македонија
17. October 2022 - 21:17

Пратениците потрошија цел ден само на утвдување на дневниот ред на пленарната седница

И власта и опозицијата сложни дека треба да се бранат антифашистичките вредности.

На собраниската седница си дадоа меѓусебна поддршка да се усвојат и измените на Законот на здруженија на ВМРО-ДПМНЕ и измените на Законот на политички партии на СДСМ. Иако пратениците од најголемата опозициска партија, реагираа на предлогот на СДСМ дека е копија на нивната идеја, сепак се сложија дека не смее да се потикнува и поддржува фашизам, национализам и ширење на говор на омраза. Од ВМРО-ДПМНЕ велат со нивните измени на Законот ќе се стави крај на отворањето на клубови и здруженија со контроверзни имиња, но и веќе постоечките ќе треба да го сменат својот назив.

Со измените предложени од СДСМ пак, на политичките партии ќе им се забрани во името и ознаките на партијата да има симболи, зборови или кратенки кои ќе поттикнат омраза, геноцид, национална, етничка и друга нетрпеливост, како и ширење и поддршка на фашизмот.

Измените на двата закони ќе бидат испратени до нивните матични комисии на одобрување и потоа да бидат ставени на пленарна седница на гласање.