Македонија
18. October 2022 - 19:42

ЗМАИ: Загрижувачка транспарентност на општините за трошењето на парите од граѓаните

Колку граѓаните се запознаени со општинските буџети? Општините ретко објавуваат каде и како се трошат парите на граѓаните. Анализата која ја спроведе ЗМАИ во 2021 година покажува дека општина Карпош е на првото место околу отвореноста на општинскиот буџет, додека општина Арачиново е на последното место на листата.

Оценувани се општините од целата земја  од 0 до 100, а просечната оценка е 32, што е загрижувачки според Здружението.

Општините и недоволно објавуваат што е направено во текот на годината, не организираат јавни трибини каде ќе известат каде се потрошени општинските пари, ниту пак доволно информираат кои проекти ги спорвеле во 2021 годиниа.

Од Здружението ги испратиле анализите и методологијата до сите општини со тоа што се бара од нив, односно објавување на документи, комуникација и вклученост на граѓаните во општинските буџети, информирање за реализираните проекти.