Пропадна изборот на обвинители за организиран криминал
Пропадна изборот на четворица обвинители кои треба да гонат криминал и корупција.. Советот на јавни обвинители на денешната седница не избра ниту еден од шестмината кандидати.. Од советот велат, Неизборот, нема да влијае врз работата на обвинителството..
Трипати го одложуваа изборот, а денеска не поддржаа ниту еден кандидат.. Членовите на Советот на јавни обвинители, не ги пополнија испразнетите места во обвинителството кое гони организиран криминал и корупција.. За дел од членовите на Советот, беше спорно што против некои кандидати се воделе дисциплински постапки, но речиси никој немаше објаснување зошто гласа ЗА или ПРОТИВ..
„Би требало по правило да си го кажат своето мислење и да кажат кого би подржале, а кого не. Заменикот претседател, кажа свое мислење, јас имам кажано дека ги поддржувам помладите и дека таму треба промена на кадрите, во делот, внесување на нови сили кои би го носеле тоа обвинителство“, изјави Антонио Јолевски, Претседател на Совет на јавни обвинители.
Според Советот, неизборот на обвинители, нема да влијае врз работата на тоа одделение.. Според Јолевски, последниот извештај покажал слаби резултати на обвинителството кое гони криминал и корупција..
„Не забележуваме кај ОЈО ГОКК поголема ангажираност или поголем број на предмети, напротив, таму забележавме дека има недоволно совладување на прилив и совладување на предметите“, вели Јолевски..
Јолевски најави дека наскоро ќе се распише нов оглас за избор, но местата ќе се пополнат по 7 ноември, откако на непосредни избори, обвинителите ќе гласаат за избор на шеф на одделението кое гони криминал и корупција..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
